Никогаш не фрлајте ја амбалажата на маргаринот - можете да ја искористите на овие 3 начини

 

Пред да заврши во корпата за отпадоци, размислете уште еднаш, амбалажата од путерот или маргаринот може да се искористи кога тој ќе се потроши.

Оваа хартија на себе содржи остатоци од путер кои никако не треба да се фрлат. Може да ги искористите на следниве начини:

1. Без проблем да намастите тепсија за колачи. Една амбалажа во себе има доволно путер да намастите мала тепсија.

2. Наместо да трошите масло или да отворате ново пакување путер, намачкајте внатрешноста од тавата со остатокот путер на амбалажата и тоа ќе ви биде доволно за пржење.

3. Исто така можете да ја користите за одвојување на храна, како свежи хамбургери, за да спречите лепење.

Употребете ја веднаш или ставете ја во кеса и фрижидер, но не ја фрлајте.

 

 

 

22.05.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега