Кико се мисли дали “на рингла“ да ги стави ќерките на Цеца и Анабела

 

Христијан Тодоровски - Кико, кој наскоро влегува на Фарма, за Вечер најавил дека додека е во Србија ќе се обиде да го освои срцето на ќерката на Анабела Буква, Луна. Според Вечер, тој пред да замине за Белград, редовно и ги лајкувал статусите на Луна, и ги следел домашните видеа објавени на Фејсбук.

-Пријател сум со Луна, но немам некој посебен контакт, за жал, а што се однесува на тоа дали сакам да бидам српски зет, би одговорил - да сакам, но за тоа ќе размислувам после Фарма. Искрено, и да не ја ќарам Луна, нема лошо да ми дојде ниту да и бидам зет на Цеца, ха, ха, ха, вели Кико за Вечер.

Кико изгледа не знае дека се амбицира да освои две најдобри пријателки, а го предизвикува и синот на Цеца, Вељко, бидејќи ја посакува неговата донеодамнешна девојка и сестра му Анастасија. Останува да видиме која девојка ќе реши да ја освојува.

 

13.09.2013 - 08:44

најчитано сега