СДСМ: Платите во Македонија растат
Трендот на растот на платите во Република Македонија продолжува. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена за месец март е за 5,6 отсто повисока во однос на месец март 2017 година. Просечната плата во првото тромесечие од 2018 година е за 4,9 отсто повисока во споредба со истиот период од минатата година, стои во соопштението на СДСМ.
Според нив, Македонија се стабилизира на економски план, а најголема придобивка од тоа имаат граѓаните.
Велат дека со поголемите плати се зголемува и животниот стандард, со што се создава фер општество и поквалитетен живот за граѓаните.
„За само 11 месеци новата Влада успева да креира позитивна економска клима. Забележани се раст на просечната и минимална плата, јавниот долг е намален и се забележува зголемување на животниот стандард како резултат на владините реформи“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа