Движење БЕСА: Семејството е колективната меморија на нацијата
Движењето БЕСА и претседателот Африм Гаши, согласно програмските определби усвоени на Првиот Конгрес на Движењето БЕСА, денес – на Меѓународниот ден на семејството, со особено внимание ја истакнуваат големата улога што ја има семејството во секое општество.
„Како политичка партија со десничарска ориентација, посветеноста на БЕСА кон семејството е меѓу главните приоритети на нејзиниот ангажман и таа смета дека денес е многу важно целото општество да биде фокусирано на заштита и афирмација на семејството. Иако Беса начинот на кој го сфаќа семејството не му го наметнува на ниту една нација или етничка група, таа смета дека и ние како општество треба да се почитуваме и никој не треба да ни ја наметнува матрицата за семејство. Ние сметаме дека заедницата маж-жена, благословена и со метафизичка церемонија, претставува општествена министруктура, која не само што ја гарантира истрајноста на човечкиот род, преку наталитетот, туку овозможува и пренесување на културните, духовните и човечките вредности, како и на хуманите димензии на животот. За БЕСА улогата на жената како мајка во семејството е на ниво на светост, не само затоа што таа е суштество што раѓа човек, туку и затоа што таа е единственото суштество кое може да всади и негува љубов кон семејството, јазикот, нацијата, татковината и кон човештвото. Покрај тоа, за нас семејството е вид на неврон, во кој се зачува колективното сеќавање на нацијата, во кој се гради психологијата на нацијата и во кој се подредуваат општите човечки вредности.
Во врска со ова Движењето БЕСА е особено загрижена кога се појавуваат трендови кои го тресат идентитетот на традиционалното семејство и одат дури дотаму што традиционалниот брак го прогласуваат за заостанат и бараат други форми на институционализација на бракот.
Како партија која верува во европските плуралистички вредности, каде што овој пристап има многу сојузници и соработници, разни политички и неполитички организации, како и во духот на слободата на мислата, загарантирана за секое човечко суштество, Движењето Беса силно верува дека заштитата на семејството е европска и цивилизациска доблест и, според тоа, воспоставувањето на овој датум во календарот на Меѓународните денови на Обединетите Нации е најголема благодарност што цивилизираниот свет го прави кон семејството. Затоа ќе продолжиме да работиме за семејството, во нејзиното традиционално значење, како и за заштита и афирмација на вредностите што таа ги пренесува“, се вели во соопштението на Африм Гаши, претседател на движењето БЕСА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа