Видео: Ќе го правите често - помеша сладолед и брашно, па ги стави во рерна
Сигурно кога го прочитавте насловот си помисливте, мешавина од брашно и сладолед, што ли вкусно може да излезе од ова, но кога ќе видите што може да излезе од овие состојки, често ќе го правите овој рецепт.
Имено еден готвач се одлучил да ги измеша овие две состојки така што го добил најслаткиот рецепт за леб!
Да, добро прочитавте! Ако ги помешате овие состојки и ги ставите во рерна, ќе добиете супер вкусен леб.
Најдобро би било да користите обичен сладолед од ванила, а пред да го помешате со брашното, потребно е сладоледот да се стопи.
Ако се уште сте збунети, сето ова има смисла, бидејќи сладоледот во основа е млеко, јајца и шеќер – а тие се најкласичните состојки за правење леб.
Еднаш кога ќе го видите лебот кога ќе излезе од рерна, вашиот сомнеж веднаш ќе исчезне.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа