Евробаскет: Сопругата го пуштила во Џорџија - тој заминал за Грузија
Српскиот кошаркарски тренер Игор Кокошков ја известил својата сопруга дека ќе замине да го води тимот на на Џорџија и таа немала ништо против, мислејќи на сојузната држава во САД.
Неразбирањето настанало бидејќи кошаркарскиот стручњак не мислел на американската држава Џорџија, туку на Грузија, која исто се изговара на англиски јазик. Шокираната сопруга сепак на крајот прифатила да го испрати својот сопруг во земја за која поголемиот број Американци не слушнале.
За жал Грузија, под водство на Кокошков, иако имаше одличен старт не успеа да се пласира во втората фаза.
12.09.2013 - 12:18
Фото:
Вечер