Српскиот ракометар Вучковиќ заработи тешка повреда

 

Тешка незгода доживеал српскиот среден бек на ракометната репрезентација Ненад Вучковиќ, откако за време на тренингот за својот клуб Мелсунген, при пад на паркетот удрил со тилот при што загубил свест.

Веднаш Ненад бил префрлен во најблиската болница каде лекарите му утврдиле крварење во мозокот. Засега неговата здраствена состојба не е позната, а истата лекарите ќе можат да ја утврдат во наредните денови по направените прегледи. 

12.09.2013 - 10:31

најчитано сега