Направете погача за Ѓурѓовден за среќа и здравје

 

Направете погача за големиот празник Ѓурѓовден, за здравје и среќа.

Ви требаат половина коцка квасец, 250 милилитри топла вода, 250 милилитри кисело млеко, 2 јајца и едно за премачкување, 2 лажици масло, 1 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 1 килограм брашно, 150 гр сирење и толку кашкавал.

Се меси тесто така што прво се остава во вода да се активира квасецот, а потоа се додаваат брашно, јајца и квасец и масло.

Нека надојде тестото кое треба да е меко, па поделете го на два дела.

Едниот дел расукајте го, премачкајте со маргарин и ставете сирење и кашкавал, а потоа свиткајте ролат и исечете го на повеќе помали, па редете ги во подмачкан плех.

Направете го истото и со вториот дел.

Нека надојде, премачкајте со јајце, печете на 160 степени.

 

 

 

05.05.2018 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега