Грците не запираат - уште еден Македонец се врати со оштетен автомобил
Уште еден македонски државјанин кој престојувал во Грција се врати со оштетен автомобил, со што бројот на вакви инциденти летово се искачи на 63.
Се работи за С.А. од Скопје кој на граничниот премин „Богородица“ вчера пријавил дека додека престојувал на местото Сани Бич во Грција, на неговото патничко моторно возило „БМВ“ му биле прикриени ознаките МК со црвен спреј.
Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција биле регистрирани вкупно 63 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички.
11.09.2013 - 12:10
Фото:
Сител