ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси

 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа за набавката на автобуси.

„Градоначалникот на Скопје досега потпиша два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон, со две странски компании“, вели денеска Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле.

Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси.

Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер“, вели меѓудругото Колариќ.

 

 

22.04.2018 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега