Што значи кога на чоколадата ќе се појават бели дамки - дали е опасно да се јаде таква чоколада
Кога чоколадата ја губи својата боја и добива бели дамки, значи дека таа „процветала“ во хемиска смисла на зборот.
Тој бел прав на површина е всушност последица од изложеност на висока температура и настанува од ако путер маста.
Секој пат кога чоколадото ќе се стопи и повторно ќе се стегне, доаѓа до појава на бели дамки. До оваа реакција може да дојде и поради грешка во текот на самото производство, главно поради неправилно загревање.
Веројатно сте забележале дека квалитетните чоколади го немаат тој проблем, бидејќи поминале низ процесот на стабилизација на мастите. Ако тие се нестабилни, неминовно ќе дојде до кристализација и ќе се појават бели дамки.
Друга причина за ваквата појава е шеќерот. Доколку чоколадата е изложена на влага или воздух, шеќерот се одвојува и кристализира на површина. Овие дамки се последица на лошите складишта или кондензација. Можеби нема да изгледа убаво но безбедна е за јадење. Доколку ви пречат дамките, чувајте ја чоколадата херметички затворена во сад или фолија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа