Србија, Франција и Италија со максимален учинок во втората фаза од ЕП во Словенија
Денеска учесниците на кошаркарското ЕП во Словенија имаат слободен ден. По одиграните синоќешни натпревари познати се учесниците во понатамошната фаза. Формирани се две нови групи со по шест земји.
Во нашата група во следната фаза се пласираа Србија, Литванија и Летонија.
Србите пренесуваат четири бода, Литванците 3 додека Летонија ќе стартува со 2 бода.
Македонија со една победа и четири порази заврши на последното место и е елиминирана од втората фаза.
Изглед на новите две групи:
Група Е:
Франција 4 бодови
Србија 4
Литванија 3
Украина 3
Летонија 2
Белгија 2.
Утре играат: Летонија - Украина, Белгија - Србија и Литванија - Франција.
Група Ф:
Италија 4 бодови
Шпанија 3
Словенија 3
Финска 3
Хрватска 3
Грција 2.
Во 1.коло од втората групна фаза в четврток играат: Финска - Хрватска, Грција - Шпанија и Словенија - Италија.