Нека не израдуваат барем фудбалерите - денеска сите навиваме за Македонија
Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Шкотска во натпревар од 8.коло во А групата од квалификациите за Светското првенство 2014.
Натпреварот ќе се одигра на Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот и 30 минути.
Со евентуален позитивен исход, а тоа значи победа или нерешен резултат, Македонија значително ќе ги зголеми шансите за освојување на третото место во групата што би претставувало најдобар пласман во еден квалификациски циклус.
Освен натпреварот во Скопје, од нашата група вечерва уште играат Велс - Србија.
Табела А група:
Белгија 22 бода (8 одиграни натпревари)
Хрватска 17 (8)
Србија 8 (8)
Македонија 7 (7)
Велс 6 (7)
Шкотска 5 (8).
10.09.2013 - 09:59