Њујорк и Њу Џерси со порака за независноста на Македонија: Македонци останете сплотени!

 

Вчера со свечена пригода  Њујорк и Њу Џерси исто така го прославија Денот на независноста на Македонија, пренесе Курир.

Во Њу Џерси, во црквата Св. Кирил и Методиј во чест на празникот беше оддржана прослава На прославата големиот поддржувач на македонската заедница Вршителот на Работи, Генерален Конзул на Република Македонија во Њујорк, Горан Трајков порача Македонците да бидат сплотени.

- Македонци останете единствени, сплотени во едно, тоа е најважно. Вие сте и многу важни на Република Македонија, продолжете да ја сакате својата земја. Една е родна земја, една е Македонија, рече тој, пренесе Курир.

Во Њујорк, поточно во Асторија Паркот, во организација на Обединетата Македонска Дијаспора се оддржа трка "АЈВАР 5Ка трчај и пешачи".

09.09.2013 - 10:57

најчитано сега