СДСМ: Значително поевтинуваат лековите на позитивната листа и ја зголемуваме достапноста
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат подостапна здравствена заштита и намалување на трошоците за граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека со спроведувањето на годишната ревизија на цените на лековите од страна на Министерството за здравство, од следниот месец, лековите од позитивната листа ќе имаат значително намалени цени.
- Со ревизијата се намалуваат цените на 336 генерички лекови и на 226 оргинатори, односно иновативни лекови. Тоа значи дека веќе од следниот месец, сите категории на лекови кои се на позитивната листа ќе имаат значително пониска цена.На тој начин ќе државата оваа година ќе заштеди над два милиони евра бидејќи заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993 илјади евра, додека кај оригинаторите, односно иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или севкупно 2.381.600 евра, стои во соопштението
Во соопштението велат дека ова е најголема заштеда во лековите до сега, граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови терапии, а се отвораат и можности за проширување на позитивната листа на лекови.
-Ефикасниот здравствен систем, достапноста на здравствените услуги и лекови, како и намалување на трошоците на граѓаните, остануваат врвен приоритет на СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на Програмата што обезбедува квалитетни услуги, повисок животен стандард и ефикасна здравствена и социјална заштита за сите граѓани- додаваат во своето соопштение од владејачката СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа