Јанушев: Проектите кои ги промовираше Заев се проекти кои што се планирани и започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ

 

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање за најавата на Заев за инфраструктурни проекти рече дека сите проекти кои денес ги најави Заев се всушност проекти започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, како што кажа Јанушев, е потврда дека СДСМ немаат идеја и не знаат како да работат. Тој додаде дека во овие 10 месеци граѓаните не видоа ни „Р“ од реформите кои ги најавуваше СДСМ.

– Заев не кажа ништо ново. Зошто го велам тоа дека не кажа ништо ново? Затоа што сите проекти кои што денес беа презентирани се всушност проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само потврдува дека буквално немаат идеја како да работат, немаат свои сопствени проекти и не знаат во која насока да ја тераат оваа држава и дека нема буквално ни едно „Р“ од реформите, кажа Јанушев.

Јанушев вели дека експресниот пат  Градско – Прилеп е започнат со градба во 2016 година. Делницата Градско- Дреново која исто така е распишана  од владата на ВМРО-ДПМНЕ е само дел од една фаза за која комплетно  се обезбедени пари од страната на ВМРО-ДПМНЕ. Тој дополни и дека договорот за изградба на експресниот пат Штип- Радовиш е потпишан во декември 2016 година, за кој исто така средства се обезбедени од страна на ВМРО-ДПМНЕ односно од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За патот  Чатал – Крива Паланка кој што всушност е дел од Ранковце- Крива Паланка, исто така се обезбедени средства уште во 2015 година.

– Сите овие проекти се започнати од ВМРО-ДПМНЕ.  За да биде небулозата поголема автопатот, Демир Капија – Смоквица е пат кој е завршен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а владата на СДСМ го одолговлекуваше неговото пуштање во употреба. Исто така автопатот Миладиновци – Штип е започнат и веќе е во напредна фаза на реализација, во времето кога со владата  раководеше ВМРО-ДПМНЕ, а чија изградба беше стопирана неоправдано од владата повеќе од 10 месеци, заклучи Јанушев.

 

 

 

28.03.2018 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега