СДСМ: Со новиот мост до поефикасен и побезбеден сообраќај во Скопје
СДСМ денеска со соопштение ја објаснија потребата од нов мост кај Ќерамидница, преку Вардар, кој неделава на прес-конференција го објави Петре Шилегов.
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов ја започна постапката за изградба на нов сообраќаен коридор и мост на реката Вардар што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со што ќе се обезбедат услови за поефикасен и посигурен сообраќај во Скопје. Проектот за пробивање на овој сообраќаен коридор, освен изградба на нов 120 метарски мост преку Вардар во населбата Ќерамидница, предвидува и пробивање нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2170 метри, шест коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди, како и воведување нови автобуски линии на јавниот градски превоз, велат од СДСм преку соопштение.
Скопје почнува да се гради како отворен град којшто поврзува и работи за граѓаните. Изградбата на новиот сообраќаен коридор е од интерес за граѓаните на Скопје, обезбедува развојна компонента на градот и ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај, додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа