БЕСА: Руските закани се опасност за иднината на Македонија

 

Изјавите со заканувачки тон за иднината на земјата и на регионот од страна на Министерството за надворешни работи на Русија, кои доаѓаат токму во времето кога Република Македонија се наоѓа во една многу значајна, дури и историска фаза, кога се очекува да се реши проблемот на името со соседна Грција и членството на земјата во НАТО, за Движењето БЕСА не служат воопшто на стабилноста на регионот, а особено не на добрите односи помеѓу двете земји.

БЕСА смета дека зачленувањето на Македонија во евро-атлантските структури е стратешка определба на нашата земја и широко прифатен консензус. Затоа секоја заканувачка изјава кон оваа определба е исто така непочитување на волјата на граѓаните на Република Македонија да живеат во европското семејство покрај демократските вредности и универзалните човекови права. Во овој процес партнерството и пријателството на Албанците со САД и ЕУ се моќен гарант за европската иднина на Македонија.

Движењето БЕСА останува на определбата дека Република Македонија треба да биде посветена во градењето на здрави и стабилни односи со соседските земји, но и со сојузничките држави, секогаш врз основа на заедничкиот интерес и интересот на нашите граѓани, се наведува во соопштението.

 

 

 

21.03.2018 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега