Пет природни бои за бојадисување Велигденски јајца кои оставаат без здив
За овој Велигден изберете природни бои за украсување на вашите јајца. На располагање ви е богата и хранлива палета производи. Од добро познатиот трик со кромид до јајца кои ќе засветкаат во сребренкаста нијанса. Процедурата е иста, по рецепт на нашите баби:
1. Жолта боја ќе добиете ако јајцата ги варите заедно со кора од лимон, портокал или врвчиња од неколку моркови. Во водата каде што ќе се варат јајцата може да додадете мелен ким или јајцето да го сварите во чај од камилица.
2. За портокалови јајца најдобро е да додадете лушпи од кромид или сечкан морков во водата каде што се варат. Додајте чили во прав или мелена пиперка за поинтензивни нијанси.
3. За црвено обоени јајца, во водата каде се варат јајцата додадете лушпи од виолетов кромид или јајцето обојте го со сок од шипки и боровинки.
4. Розова боја ќе добиете доколку јајцата ги варите со парчиња цвекло, сок од брусница или сок од грозје.
5. За сино обоени јајца додајте листови од виолетова зелка или концентриран сок од црно грозје.
6. Ако сакате јајцата да ги обоите во зелена боја, работата е наједноставна. Додајте магданос или листови спанаќ во водата каде се варат јајцата и за помалку од 10 минути бојата ќе се залепи на кората.
7. Кафеави јајца можете да обоите со неколку лажички турско кафе, лушпи од ореви или доколку додадете малку црн чај.
За бојата да биде посилна во водата додадете и малку јаболков оцет. Сепак, не очекувајте резултат како со вештачките бои.
На крајот, оригиналноста е онаа најважната!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа