Најсилниот природен антибиотик кој ги убива сите инфекции
Прочистувачкиот пијалок е природен антибиотик кој ги убива грам-позитивните и грам негативните бактерии во телото. Тоа е моќен антивирусен, антигабичен, антибактериски и антипаразитски пијалок. Го зајакнува имунитетскиот систем, ја прочистува крвта и го подобрува крвотокот и работата на лимфните жлезди низ целото тело.
Кои се состојките на овој моќен тоник?
Тајната на магијата на оваа напивка лежи во вистинската комбинација на висококвалитетни, природни и свежи состојки. Некои од овие прехранбени производи се користат со векови и денес сѐ уште се чудотворни како и тогаш.
Еве го рецептот.
Потребни состојки:
– 2 лажички прав од куркума или две коренчиња
– 700 ml јаболков оцет
– 1/4 чаша ситно исецкан лук
– 1/4 чаша ситно исецкан кромид
– 2 свежи лути пиперчиња, најлути кои можете да ги најдете.
– 1/4 чаша изрендан ѓумбир
– 2 лажици изрендан рен
Упатство:
1. Додадете ги сите состојки во еден сад, освен оцетот и измешајте ги.
2. Смесата префрлете ја во тегла.
3. Сипете го оцетот до врвот. Најдобрата пропорција е кога соодносот е 2/3 суви состојки и 1/3 оцет
4. Затворете ја убаво теглата и добро протресете ја.
5. Чувајте ја на суво и ладно место околу 2 недели. Протресувајте ја неколку пати дневно.
6. По две недели исцедете ја смесата.
7. Остатокот од неа можете да го користите како зачин при готвење.
Предупредување:
Напивката е многу лута, затоа внимавајте колку пиете. По пиењето најдобро е да изедете парче лимон или портокал. Најдобро е да земате по една лажичка дневно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа