УЈП стави катанец на 33 непослушни продавници
Вкупно 33 објекти, книжарници, трговија со детска облека и обувки, се казнети за нерегистрирање готовински плаќања и неиздавање фискални сметки.
Како што соопшти Управата за јавни приходи по спроведената дводневна акција, некои трговци на мало во Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци, наместо зголемен промет вообичаен за овој период од годината поради подготовката на најмладите за првите училишни часови, прикажувале помала потрошувачка.
Зависно од прекршокот, на сите објекти кај кои се утврдени нерегуларности во даночното работење, им се изречени глоби до 3.250 евра, како и затворање на деловните простории 15 или 30 дена.
06.09.2013 - 12:12