Иванов на средба со Ноел Кинсела
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе се срeтне со спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела.
Кинсела, кој во Македонија престојува на покана на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, освен средбата со својот македонски колега, се сртена и со премиерот Никола Груевски, со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и со лидерите на петте верски заедници, а имаше и обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент.
Спикерот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела во рамки на официјалната посета на Република Македонија, го посети Генералштабот на АРМ, каде се сретна началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Кинсела вчера одржа и предавање во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, на покана на претседателот Ѓорге Иванов.