Пожар беснее на планината Мукос во велешко
Денеска на пладне на планината Мукос веднаш над Степанскиот манастир во велешко избувна силен шумски пожар.
Диме Андонов од Шумското стопанство „Бабуна“од Велес информира дека според првичните информции нема опасност по манастирот и по селото. Екипи се пуштени на терен.
Инаку, по вчерашното привремено локализирање на пожарот над селото Мелница на Мелничка Планина во реонот на Чашка пожарот денеска е повторно активен. На терен во негово локализирање се десетина вработени од ШС „Бабуна“ од Велес и месното население од селата Мелница и Горно Врановци.
Најголем дел од површините под пожар е со папрат, а во помал е бука и ниско стеблеста шума, но последиците по животната средина ќе бидат големи.
05.09.2013 - 15:37
Фото:
Нова Македонија