ФОТО: "Се извинувам што бев идиот" - погледнете каков натпис носи по казна овој човек

Еден човек од Охајо е принуден да носи натпис дека е идиот бидејќи ја навредувал полицијата.

Се работи за Ричард Дамерон кој бил под дејство на алкохол кога ја повикал полицијата и започнал да им се заканува на полициските службеници.

- „Му се извинувам на поручникот Сајмон и на сите полицијаци затоа што бев идиот, и повикав 911 за да им се заканувам дека ќе ги убијам. Се извинувам, и тоа никогаш повеќе нема да се случи“, пишува на натписот кој секојдневно овој човек мора да го носи по казна пред полициската станица.

05.09.2013 - 09:11

најчитано сега