СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за Универзалната сала

 

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за Универзална сала, за 11 години колку што управуваше со Владата и со Град Скопје ќе го реконструираше овој објект од значење за градот и граѓаните,преку соопштение реагираат денеска од СДСМ во врска со обвинувањата од страна на опозициската партија.

„Наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра пари на граѓаните за лажен барок, гипс-картон, споменици и инсталации во коритото на реката Вардар, со што освен што криминално и расипнички ги потроши парите на граѓаните, ја доведе во прашање и безбедноста на Град Скопје и неговите граѓани“, стои во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека од ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за Универзалната сала и Град Скопје, после сè она што му го направиле на градот.

„Промената на локалната власт во Скопје значи и враќање на сјајот на Универзалната сала како што заслужуваат граѓаните“, велат од СДСМ.

 

 

 

20.02.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега