Љубчо Георгиевски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ?

 

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе имало неколку начелни средби со Љубчо Георгиевски и членовите на неговата партија ВМРО-НП, на која се разговарало за можното враќање на старите вмровци во партијата, дознава МКД.МК.

Мицкоски најави измени во статутот на партијата и формирање на две нови партиски тела - совет на претседателот и совет на извршниот комитет, додека Георгевски на својот фејсбук-профил неодамна напиша дека Христијан Мицкоски има шанса да остави свој печат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во ВМРО. Треба да му се даде шанса“, напиша Георгиевски.

Засега оваа информација не се демантира.

 

 

 

 

20.02.2018 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега