Направете песна за јубилејното 25 издание на фестивалот Гоце Фест

Советот на Фестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни ГОЦЕ ФЕСТ, распишува К О Н К У Р С за прием на песни за јубилејниот, 25- ти по ред, ГОЦЕ ФЕСТ `2014

Авторите кои ќе конкурираат, треба да ја имаат во предвид карактеристичноста на македонската фолклорна мелоритмика, како и богатото историско минато на македонскиот народ (пожелно е да се опејуваат теми поврзани со Антифашистичката борба и 70 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ).

Секој автор може да конкурира со најмногу три песни, за кои е потребно да достави нотен запис со впишани хармонски симболи, напишани стихови и демо-снимка за секоја песна.

Рок за доставување на песните е 15- ти Ноември, 2013 година

Песните се испраќаат на адреса:

Фестивал ГОЦЕ ФЕСТ

Младински културен центар- Скопје

Кеј „Димитар Влахов“, бр. 15, 1000 Скопје

или преку e-mail: [email protected]

Дополнителни информации на телефон: 070/653- 417 и 075/297-739

 

или преку e- mail: [email protected]

 

04.09.2013 - 12:19

најчитано сега