Мицкоски оствари средба со коалициските партнери од „За подобра Македонија“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ствари средба со коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата, како што се вели во партиското соопштение, се разговарало за актуелната политичка состојба, случаите на политички терор, како и размена на мислења околу актуелните теми врзани со предизвиците на надворешната политика, спорот за името, и евроатланските интеграции.
-На состанокот беше заклучено дека државата се движи во погрешен правец, и кон континуирано економско и политичко слабеење. Евидентни се политичките притисоци кои ги прави актуелната власт, пресметката и реваншизмот кој се спроведува врз политичките неистомисленици. Во Македонија во 21 век има лица кои се мета на политички терор, и лица во притвор поради изразено мислење, и тоа е елементарен показател за недостатокот на демократски капацитет кај новата влада, стои во соопштението.
Било посочено дека владата треба да се откаже од намерата да донесе неуставен и неприменлив закон за јазици. Воедно тоа е и закон кој ги става и припадниците на другите заедници во подредена состојба, менувајќи го карактерот на државата.
-Се истакна дека во однос на спорот за името суштествено важно е владата која ги води разговорите да ги запази државните и националните интереси и да води грижа за заштита на македонскиот идентитет кој треба да остане непроменет, се заклучува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа