Нов тренд за добро утро: Првото утринско кафе со овој додаток стана хит во светот

 

Препораката на една фитнес блогерка и јутјуберка за почетокот на денот е малку необична, но може да биде и многу корисна.

Порано, експертите советуваа во шолјата кафе да додадете малку путер или кокосово масло, за да се наполните со енегија за остатокот од денот. Сепак, никако не е паметно оброкот да го менувате со напиток, без оглед на калоричноста.

Новите трендови стануваат сѐ полуди, па наместо кокосово масло се препорачува сирово јајце во првото утринско кафе.

Оваа пракса веќе на големо е присутна во Бугарија, Скандинавија и Виетнам, а сѐ попопуларна е меѓу тркачите и спортистите ширум светот.

Топлината на кафето после варењето е околу 93 степени Целзиусови, што е доволно за јајцето да се свари, па ако го применувате ова веројатно нема да се заразите со Салмонела.

Сепак, нема ништо штетно во сето ова. Јајцата се полни со протеини, а ни кафето во умерени количини не е штетно.

 

 

 

02.02.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега