ВМРО-ДПМНЕ: Се ослободуваат криминалци, а патриотите се држат во притвор

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираа на притворите на пратениците за настаните од 27. април во Собранието.

„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите кои неправедно се во притвор не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат татковината. Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта. Заев од затвор ослободува осудени криминалци, а ги затвора чесните и искрените патриоти. Со законот за амнестија од затвор ќе ослободат криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела. Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине. Правосудството мора да работи независно. Тоа е во интерес на демократијата и граѓаните на Република Македонија. Јавното обвинителство без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња. Аргументите се на страна на неправедно обвинетите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста.

 

 

 

01.02.2018 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега