Работи кои треба да ги чувате во фрижидер, а не се храна и пијалоци

 

Кога набројувате работи кои ви се наоѓаат во фрижидерот, логично, листата е составена од храна и пијалаци, евентуално некој лек кој мора да стои на ладно.

Но, ако ги прашате експертите, тие тврдат дека има уште 9 работи кои од денес треба да ги чувате во фрижидер, иако не се храна.

Крема за околу очи бидејќи има подобар ефект кога е ладна.

Моливче за очи бидејќи побавно се троши кога е ладно и во цврста состојба.

Лак за нокти затоа што ниските температури не дозволуваат да се променат бојата и структурата.

Хулахопки бидејќи  потешко се кинат.

Фармерки. Ако ги ставите неколку часа во замрзнувач, ќе се ослободите од непријатните мириси и бактерии.

Сите работи на кои има истурено восок. Восокот ќе почне полесно да се рони.

Исто важи и за работите на кои има залепено гума за џвакање. Ниската температура ќе ја замрзне гумата за џвакање, со што полесно ќе ја одлепите.

Свежо цвеќе, подолго ќе остане свежо ако го оставите неколку минути на ниска температура.

Навлака за перница – секој втор ден ставајте ја во фрижидер по неколку часа, ако сакате да не спиете на еден куп бактерии.

 

 

 

31.01.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега