Николоски: ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветено на одбрана на македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане силно посветено на одбрана на македонските национални интереси. Потпретседателот на партијата Александар Николоски по средбите во Брисел вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на Македонија на патот кон Европската Унија.

„Во исто време тој пат треба да значи, подобар живот за граѓаните на Република Македонија, но и на зачувување на македонските национални интереси на тој пат. Секоја интеграција во Европската Унија  мора да е проследена со сериозни преговори, но и исто така и со зачување на она што се вика македонски национален идентитет затоа што во ниедна форма Македонија не смее да добие челенство во Европската Унија а граѓаните на Република Македонија да не го чувствуваат тоа како придобивка, напротив да го почувствуваат како нешто друго.

                Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане силно и посветено на одбрана на македонските национални интереси“ – изјави Николоски.

Тој изрази надеж дека оваа година конечно ќе биде тргната грчката блокада и Македонија ќе ги почне преговорите.

Николоски вели дека посетата на Брисел ја искористил за да ги информира соговорниците за политичката состојба во Македонија.

 

„ Силно алармиравме за застојот кој што го прави владата за политичкиот притисок и прогонот кој се случува врз политичките неистомисленици за шесте притворени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и триесетина други притворени за настаните од 27-април, сите оние кои што се под прогон на СЈО и сето она што го прави новата влада како политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека овие пораки ќе бидат слушнати, соодветно адресирани и дека ќе има соодветен одговор од Европска Унија.“ – вели Николоски.

 

 

 

30.01.2018 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега