Џафери: Чекам договор со опозицијата за Законот за јазиците – спремен сум 6 месеци да седам во Собрание

Талат Џафери се надева на политички договор меѓу владата и опозицијата како начин за деблокада на Законот за јазиците.

Џафери денеска на бифинг со новинарите порача дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да го смени пристапот и кон законот но и кон Албанците.

Сепак, Џафери вели дека е подготвен на се, па и на опцијата да ги избутка сите скоо 36.000 амандмани низ третото читање во собраниската процедура. „Ако мислат дека треба 6 месеци Собранието да заглави на оваа точка тогаш ок. Јас сум спремен цели 6 месеци да седам во Собрание“ – рече Џафери.

Тој коментирајќи ги амандманите рече дека Собранието нема надлежност да ги разгледува бидејќи со нив се оспорува утавноста на законот кој е веќе донесен, па отука, според него тоа е работа на Уставнио суд.

Џафери информираше дека до сега се преведени на 17.000 амандмани и не сакаше да проектира датум кога овој закон би се вратил во Собраниска процедура.

 

 

 

30.01.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега