Мицкоски: Одговорноста за преговорите со името од сега е на Владата
По петчасовната средба која вчера се одрѓа во Клубот на пратеници, каде на заедничка маса седна државниот врв, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицковски изјави дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси.
-ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроаталанските интеграции и останува на браникот на националните интереси. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите го има Владата и таа треба да продолжи да го движи. ВМРО-ДПМНЕ е поддржувач на преговорите и останува на опцијата дека Република Македонија мора да биде дел од ЕУ и НАТО, изјави тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа