Прокоцкавме голема шанса: Пораз од Чешка

 

Македонската репрезентација ја имаше победата во своите раце, имаше позитива од пет гола, но на крајот е совладана од Чешка 25-24. Имавме шанса за реми, но на крајот Дејан Манасков промаши седмерец.

Четири одбрани на Борко Ристовски на стартот, изнудени технички грешки на противникот и секако добра реализација во нападот, ја одведоа Македонија на 4-1 во шестата минута. Стрелаа Талески, Георгиевски и на двапати Миркуловски. Чешка доби шанса да го постигне вториот гол за 4-2 во 10. минута.

Во последните десет минути влеговме два гола позитива и еден ракометар помалку. Не искористивме напад за да поведеме со плус три, на другата страна Задрахала, а потоа Јакуб ја комплетираа серија од 3-0 за нерешение 22-22 на седум минути до крајот.

Влеговме во неизвесна завршница, која ни малку не ни требаше, бидејќи имавме и пет гола предност. Лазаров го промаши првиот седмерец и тоа кога Чешка остана со играч по малку до крајот.  Се случи најлошото, Хорак го најде патот до нашиот гол и за првпат поведе со 23-24. Најмладиот во нашите редови, Мартин Велковски израмни на 24-24 на две минути до крајот. 

 

 

 

 

 

23.01.2018 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега