Томас Мрква: Не сакаме да играме против Македонија, впрочем кој сака?

 

Во репрезентацијата на Чешка се убедени дека денеска ќе немаат проблеми против Македонија за да стигнат до победа и да освојат нови бодови со кои ќе се најдат на чекор од многу подобар пласман на овој шампионат.

„Ја снимаме Македонија речиси пола година”, на шега вели еден од двајцата селектори коишто ги имаат Чесите, Јан Филип.

 

На ова се надоврза голманот на селекцијата на Чешка, Томас Мрква, кој додава:

„Не сакаме да играме против Македонците. Впрочем кој сака да игра против нив?“

Средбата почнува од 20:30 часот, а тогаш ќе се види кој ќе си ги зголеми шансите за пласман меѓу најдобрите шест селекции на ова првенство.

Извор: Ракомет 24

 

 

 

23.01.2018 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега