Спонзорот на Лазаров откри: Ќе игра Кире или не? (фото)
Компанијата за спортска опрема „Хумел“ каде што Кире Лазаров е заштитно лице ја соопшти информацијата околу тоа дали тој ќе игра на денешниот натпревар против Чешка или не.
Според она што е објавено на профилите на Хумел на социјалните мрежи, Лазаров денеска нема да може да им помогне на своите колеги туку ќе биде поддршка за нив од клупата. Веќе е јасно дека Кире Лазаров ќе биде во составот против Чесите, но сè поизвесно е дека нема да може да игра.
Повредата која што Лазаров ја доби на дуелот против Шпанија е од посериозен карактер, па ќе мора и денеска да одмори. Останува неизвесно дали ќе може евентуално утре против Данска да биде дел од оние ракометари коишто ќе играат на теренот.
Средбата против Чешка почнува од 20:30 часот, а сите се надеваат и понатаму дека Лазаров ќе може барем во еден дел од мечот да им помогне на своите колеги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа