Обезбедувачите го спасиле од тепачка за да го дотепаат надвор - се пролеа крв во струмичка дискотека

 

Струмичаните С.Р.(31), Н.К.(23), А.Г.(28), М.А.(30) и А.Т.(23), сите вработени во Агенцијата за обезбедување „Никоб“  си заработиле кривични пријави, откако претепале струмичанец кој учествувал во тепачка во познат струмички ноќен клуб.

Како што информираат од полицијата, ноќта на 18. август,  дошло до тепачка во струмичкиот клуб, па петмината обезбедувачи ги извлекле учесниците во тепачката надвор од објектот. Во еден момент, тие го нападнале Б.Б. кој исто така бил дел од тепачката, го турнале на скалите и почнале да го удираат со тупаници и клоци.

Кривична пријава за “насилство“ си заработил и самиот Б.Б. бидејќи предизвикал хаос во клубот.

02.09.2013 - 13:54

најчитано сега