Гонзалес: Да заборавиме на поразот од Шпанија, да се фокусираме на Чешка

 

Непријатниот пораз од Шпанија треба да се заборави и да се мисли само на она што не очекува во наредните два дена. Како што истакнува селекторот Раул Гонзалес фокусот и мислите мора да бидат на утрешниот дуел протув Чешка и на шансата што стои пред македонската репрезентација, објави Екипа.мк.

„Треба да се фокусираме на дуелот со Чешка, не да размислуваме дека имаме два натпревари, туку да мислиме само на Чешка. За нас тоа е финале. Ситуацијата е добра, затоа што со победа најверојатно играме за петто место и имаме шанса да играме и за полуфинале. Јас мислам дека разликата против Шпанија беше голема, но треба да научиме дека и кога има победа и кога има пораз тоа мора да го заборавиме и да се фокусираме на следниот  натпревар“ – вели селекторот на македонската репрезентација.

Македонија и Чешка во изминативе неколку години неколку пати играа меѓусебе во квалификациските циклуси. Последниот дуел беше во јуни годинава во квалификациите за ова ЕП во Хрватска. Македонија во тој циклус загуби во Чешка (35-28), а слеваше победа во Скопје (33-20).

„Се е различно од тој натпревар, на пример не играат исти играчи. Треба да гледаме и да анализираме како игра чешката репрезентација во овој состав. Има добри квалитетни играчи, имаат добра одбрана, добар голман, добар среден бек. Имаат се. Сега треба да го заборавиме поразот од Шпанија и да играме затоа што имаме шанса“ – вели Раул Гонзалес.

 

 

 

22.01.2018 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега