Борко Ристовски: „Не се боревме, не гиневме на теренот“

 

По поразот на Македонија од Шпанија, реакциите на јавноста се поделени, но речиси сите се разочарани од резултатот. Сличен став има и голманот на репрезентацијата, Борко Ристовски, кој за „Репортер“ вели дека впечатокот денес е ист како и вчера – момците не гинеле на теренот.

„По преспиената ноќ или со малку сон, впечатоците се исти како вчера, а тоа е дека не се боревме. Не гиневме на теренот и резултатот е таков каков што е. Мораме да го оставиме зад нас затоа што нè чекаат важни натпревари од кои зависи нашиот пласман на ова Европско првенство“, ни рече Борко.

Тој додаде дека ни следните натпревари нема да бидат лесни.

„Против Чешка нè чека пеколно тежок натпревар затоа што и таа си ја бара својата шанса на ова првенство. Мислам дека оваа репрезентација поседува многу квалитет. Меѓутоа, без борба не смееме никогаш да се предаваме“, додаде Борко.

 

 

 

22.01.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега