Марсениќ: Знаев дека Македонија ќе направи нешто големо, ова е нивната предност
Српскиот пивот и член на скопски Вардар, Михајло Марсениќ, истакна дека и покрај пласманот во главната фаза од ЕП, сепак се далеку од најдобрите.
„Ние како репрезентација секако можевме повеќе на ова првенство. Иако загубивме шанси да се пласираме во полуфиналето, мотив не ни недостига. На преостанатите два меча мора да дадеме се од себе за да на позитивен начин завршиме на ова ЕП“.
„Со резултатите на Македонија воопшто не сум изненаден, кога дознав дека Раул го превзема тренерското столче на нивната репрезентација, знаев дека ќе сторат нешто импресивно и големо. Тој е најдобриот тренер во светот, човек со кој е голема чест да се одработи дури и еден тренинг, а не како јас три години. Навивам да освојат медал, напред Македонија!“, истакна Марсениќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа