Ракометарот на Вардар доби црвен картон по само 2 минути игра

 

Судиите беа немилосрдни кон играчот на Вардар, по прегледот на снимката веднаш го исклучија српскиот репрезентативец и му дадоа црвен картон.

Марсениќ долго ќе го памети вечерашниот дуел против селекцијата на Франција. Српскиот пивот и член на скопски Вардар, на теренот во загребската Арена остана неполни две минути.

Тоа го “заработи“ откако при една акција на „триколорите”, сосема беспотребно го удри Мае. По прегледувањето на снимката судиите на овој меч проценија дека тој негов потег заслужува директен црвен картон.

Неколку часа пред почетокот на овој дуел, Марсениќ посака Македонија да стигне до медал на ова првенство.

 

 

 

22.01.2018 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега