ЕХФ потврди: Крај за Кире

 

Европската ракометна федерација на нивниот Твитер профил објави дека Европското ракометно првенство за Кире Лазаров е завршено.

Македонскиот капитен заработи повреда на синоќешниот дуел против Шпанија во 11 минута од натпреварот.

По завршувањето на натпреварот, македонскиот селектор Раул Гонзалез изјави дека најверојатно Лазаров нема да игра до крајот на првенството, а потврда за тоа стигна од ЕХФ.

Во текот на денешниот ден треба да му бидат извршени детални прегледи на Лазаров по што оваа информација ќе стане и официјална.

 

 

 

22.01.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега