Македонија го има најдобриот голман на првенството засега
Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски стана најдобар голман на првенството засега.
Тој бранеше само во второто полувреме кога кога успеа да оствари 14 одбрани, од вкупно 30 удари во неговиот гол, што го направи најдобар голман на првенството.
Засега има вкупен процент на одбрани од 42 одсто, а над 40 одсто има само уште Венсан Жерар од Франција.
21.01.2018 - 23:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа