Раул откри зошто Миркуловски не играше вечерва

 

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез, по пресот во изјави за македонските новинари ја појасни ситуацијата во која се најде нашата репрезентација.

– Сакав да го одморам Миркуловски. Не очекува нов дуел со Чешка и затоа сакав да го одморам дека без К.Лазаров ќе биде тешко против Чешка. Многу грешки имавме, незнам што се случи. Мислам дека не бевме во натпреварот

Македонија се соочува со огромен хендикеп во пресрет на двата преостанати меча од групата во Вараждин на ЕП во Хрватска, бидејќи, најверојатно, Кире Лазаров не може да игра.

Тоа беа зборовите на селекторот Раул Гонзалес, на прес-конференцијата по поразот од Шпанија (20-31).

„Не верувам дека Лазаров ќе може да игра на наредните два натпревари. Најверојатно остануваме без него до крајот на првенството. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, рече селекторот.

Лазаров се повреди уште пред средината на првиот дел со Шпанија, а проблем беше, по се изгледа, десното колено, бидејќи држеше вреќичка мраз на него, на клупата.

 

 

 

21.01.2018 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега