Билетите за Вараждин се пуштени во продажба, но не останаа уште многу
Македонските фанови конечно може да купат билети за дуелите од главната рунда на Европското првенство, поточно за мечевите на националниот тим, кои се играат во Вараждин- објави Спорт медиа.мк
Добра и лоша вест за македонските фанови. Билетите за мечевите на нашата репрезентација во рамките на главната фаза на Европското првенство која се игра во Вараждин се пуштени во продажба. Истите може да се набават на официјалната страница „www.ulaznice.hr“.
Лошата вест е што во слободна продажба има околу 600, бројка која е доста мала, особено ако се земе в предвид дека во Загреб нашите ракометари имаа поддршка од околу 5.000 фанови.
Цената на картите е доста „солена“, таа се движи од 300 до 500 куни, односно од 40 до 70 евра. Колку за споредба билетите за групната фаза беа далеку подостапни тие се можеа да се набават по цена од 14 до 55 евра.
Засега ова е единствениот начин за да се набават карти за Вараждин, организаторот утринава нè информираше дека најверојатно на Унгарците ќе ги вратат билетите па македонските навивачи ќе може да го окупираат и овој хрватски град.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа