Вујовиќ: На Раул сите му веруваат

 
Пред заминувањето за Вараждин, селекторот на Словенија, поранешен селектор и на Македонија даде своја оценка на развојот на настаните во групите Ц и Д, кои ја формираа групата 2 од главната фаза.
 
- Германија не успеа да победи ниту една селекции од групата, одигра нерешено со Словенија и со Македонија. Во следната фаза ќе има велесили (Данска и Шпанија), но не и Чешка. Но, не значи дека фаворитот ќе освои медал тоа треба да го потврди на терен. 
На настапот на нашата репрезентација Вујовиќ истакна:
 
- Македонија првата цел ја одработи. Имаат поддршка и добар амбиент во тимот, настапуваат растоварени и имаат добар тренер. Ќе имаат најмалку две победи што е доволно за палсман во полуфинале и историски успех и дај Боже да освојат медал. Раул е извонреден стартег, покажа и вчера против Германија. Тој игра со тоа што го има. Најважно е тоа што новинарите, македонската јавност и играчите му верува. Тоа се мене ми се случува во Словенија, што и да направам, сите ќе велат така е. Тоа не беше случај со Лино Червар, што и да направи не е во ред.
 
Селекцијата на Словенија првиот натпревар во Вараждин го игра утре во 20:30 часот против Данска.    
 

 

 

18.01.2018 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега