Марковски: Овој успех е плод на работата на Раул, нема најдобри и најзаслужни
Македонските ракометари синоќа лавовски го одиграа мечот ротив Германија и повторно ја израдува нашата нација.
Со овој голем бод, Македонија уште еднаш докажа дека е зрела за големи достигнувања на овој собир во Хрватска, а некогашниот репрезентативец, Иван Марковски, за Gol.mk вели дека во овој состав нема најдобри и најзаслужни, туку овој успех е плод на еден систем на работа, кој го применува новиот селектор, Раул Гонзалез.
„Бод, еднаков на победа. Штета што не успеавме да ги освоите двата бода, но ме радува тоа што репрезентативците покажаа карактер на голема репрезентација и во голем стил ја завршија првата фаза на Европското првенство. И покрај тоа што актуелниот европски шампион пред почетокот на мечот влезе како апсолутен фаворит, нашите момци без нималку респект и со огромна самодоверба го одигра веројатно најдобриот меч на ова Европско првенство. Ракометарите знаеја дека само со цврста одбрана и сигурен напад можат да стигнат до позитивен резултат против Германија. Раул како и на претходните два натпревари тактички добро ги припреми своите момци и со играта седум на шест го изненади големиот противник. Тој е голем тактичар и веруваше дека само со нова игра може да го изненади европскиот првак. Почнавме фантастично, но Германија е голема репрезентација и многу брзо го пронајде решението за нашиот напад и ги искористи сите наши грешки. Во тие моменти Миркуловски покажа зошто е голем играч и неговото искуство не врати во игра. Лазаров беше опасен како и секогаш, можеби не со висок процент на реализација, но беше многу корисен, а Стоилов, иако го промаши клучниот удар, според мене е најконстантниот наш играч на ова првенство, кој секогаш го дава максимумот на терен. Борко со своето искуство се надополни на одличната игра на репрезентативците и кога беше најпотребно им даде ветер в грб на соиграчите за да дојдат до овој историски успех. Според мене нема најдобри и најзаслужни, овој резултат е плод на еден систем на работа на нашиот селектор, Раул, на кого нашите играчи многу брзо се прилагодија. Шпанецот искуството на ракометарите од големите натпреварувања го надополни со својата смиреност и визија и затоа нашата селекција бележи позитивни резултати во Хрватска“, ни изјави некогашниот репрезентативно десно крило.
18.01.2018 - 13:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа