Видео: Јасно се гледа дека Германците заслужија чист црвен картон на 2 минути пред крајот

 

Белоруските судии синоќа им прогледаа низ прсти на фаворизираните Германци, чиј ракометар заслужи црвен картон и исклучување на нешто помалку од 2 минути пред крајот.

По секоја логика, фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Наместо да ја применат видео-технологијата на која јасно ќе се видеше неспортскиот потег на германскиот ракометар, судиите одлучија мечот да продолжи како ништо да не се случило.

Од снимката јасно се гледа дека Колбахер намерно го удри нашиот Филип Миркуловски и за тоа мораше да добие барем две минути исклучување.

 

 

 

18.01.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега