Видео: Раул одби Цепелин, па Столе ги стаписа сите со својот предлог
Вистинска драма се случуваше на последниот тајм-аут на македонските ракометари, кои коваа план за последниот напад и како да се нападне германскиот голман.
Во тој момент Кире Лазаров ја презеде капитенската улога и во договор со тренерот му предложи да одиграат цепелин на само десет секунди пред крајот на мечот.
Ваквиот предлог на Кире наиде на негодување на селекторот Раул Гонзалес, кој децидно ја одби ваквата идеја на капитенот и притоа му дошепна нешто, кое што не можеше да се слушне.
Откако пропадна идејата на Лазаров за цепелин, на сцена стапи Столе Стоилов, кој пак на тренерот му препорача лажен цепелин. Ваквата идеја на Столе никој не ја сфати сериозно, но истата предизвика голем интерес на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа